На 20 август во Валандово ќе се одржи референдум за „Казандол“

На 20 август во Валандово ќе се одржи референдум за работата на рудникот „Казандол“. Ваква одлука донесе денеска советот на општината, но како што најави градоначалникот Николче Чурлиновски, референдумот ќе биде советодавен. Чурлиновски за НОВА ТВ вели дека од надлежните институции ќе побара толкување на Законот за референдум.

„Во однос на рудниците во Југоисточниот плански регион во кој спаѓа и Валандово сакам да кажам дека ќе се земе предвид гласот на граѓаните кој ќе биде искажан на референдум. Но исто така сакам да кажам дека ќе се направи ревизија на сите договори за концесија и експлоатација кои се потпишани за да се изнајде решение кое ќе ги задоволи двете страни. Грижата на граѓаните ќе биде задоволена, а секако и инвестициите ќе продолжат да функционираат. Секаде во светот постојат механизми за да се решат овие проблеми. Ние мислевме да ги вклучиме граѓаните во надзорните одбори каде ќе можат да ја следат работата на рудникот и имплементацијата не еколошките стандарди“, вели Чурлиновски.

Чурлиновски во петокот ја спречи одлуката на Советот за распишување на локален референдум ЗА или ПРОТИВ продолжување со работа на рудникот Казандол и други рударски комплекси на територијата на општината.

Во образложението градоначалникот беше наведено дека „Советот не е надлежен за вакви одлуки“ и референдумот би бил „незаконско и неовластено трошење на градскиот буџет“.

 

Градоначалникот имаше седум дена после донесувањето на одлуката на 3 јули, да го потпише барањето на градските советници, од кои осуммина од 15 одлучија да се распише референдум.

 

 

 

10.07.2017 - 17:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега