Пауза и координација во Собранието

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери прогласи пауза на попладневното продолжение на шестата седница на која се расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител, и ги повика на координација координаторите на пратеничките групи во Собранието.

На почетокот на попладневното продолжение откако Зоран Илиоски од пратеничките групи на ВМРО-ДПМНЕ побара едночасовна пауза Џафери најави дека Собранието ќе продолжи со работа и по 18 часот, за толку време колку што пратениците бараат пауза. 

По расправата што следеше по пазуата, Емил Димитриев од ВМРО-ДПМЕ најави поддршка за институцијата Народен правобранител од која, како што рече, има големи очекувања во делот на професионалното работење. Потребна е, смета Димитриев, максимална посветеност и професионалност во работењето на оваа институција, нејзина целосна финансиска поткрепа и комплетно пополнување со сите човечки ресурси.

- Би апелирал да направиме се и од аспект на финансиското работење и самата улога на првиот човек на институцијата да се издигне оваа институција на потребно ниво, бидејќи Народниот правобранител е институција којашто политичката, верската или кои било разлики во општеството не треба да ја тангират. Едноставно тоа треба да биде чадор кој подеднаково ќе се грижи за сите луѓе да ги уживаат правата и обврските утврдени со Уставот и законите, рече Димитриев.

Неговиот сопартиец Димитар Стевананџија потенцираше дека се согласува со ставот на омбдусманот Иџет Мемети оти изборот на Народниот правобранител треба се прави на потранспарентен начин, доколку, како што рече, сакаме да имаме професионалност и квалитет. Стевананџија воедно побара и да се отвори канцеларија на Народниот правобранител во Прилеп.

Реплицирајќи Мемети појасни дека со критериумите од Париските принципи  е наведено дека  првиот чоовек во оваа институција мора да се бира со цензус со кој не би можел да биде разрешен, односно со повисок цензус.  Во однос на транспарентноста за изборот се мисли Собранието да објави оглас, тој да трае подолго време, да учествува и граѓанскиот сектор, рече Мемети, посочувајќи дека со неговиот правилник за работа било предвидено кадрите од шесте регионални канцеларии  да покриваат и други градови, но оти нема капацитет. 

 

 

 

10.07.2017 - 18:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега