Стевананџија: Наместо јавен оглас, СДСМ предлага партиско решение за Генерален секретар на Собранието

Денес на Комисијата за прашања за избори и менувања на која што се разгледуваше предлогот за нов Генерален секретар на Собранието на Република Македонија, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија предложи постапката да за избор на Генерален секретар да биде преку јавен оглас.

Стевананџија овој предлог го образложи со фактот дека на тој начин ќе се обезбеди поголема отвореност на Собранието и ќе биде одлична можност да се избере кандидат кој што ќе биде вреднуван според своите квалитети, а не партиско решение на СДСМ.

-         

Сметам дека на овој начин ќе се одбере Генерален секретар кој што одлично и без партиски притисоци ќе ја работи својата работа во Собранието. Токму затоа во критериумите за избор на Генерален секретар ќе стои да не биде член на органи или тела на било која партија и тоа во изминатите 5 години, потоа да има најмалку десетгодишно работно искуство, да има познавање на најмалку еден од официјалните јазици на Европската Унија, да има објавено научни и стручнни трудови, нагласи Стевананџија.

На овој предлог се спротистави владеачкото мнозинство предводено од СДСМ со што овој предлог не беше усвоен.

Во продолжение Стевананџија нагласи дека ова е уште еден доказ за пагазувањето на сите ветувања што СДСМ ги даваше пред изборите дека ќе работи транспарентно односно ќе ангажира експерти и професионалци, а не партиски кадри.

 

За предлог за Гелерален секретар на Собранието е предложена поранешната пратеничка и висок фукционер во СДСМ Цветанка Иванова со што ова е уште еден примет во низата за партизирање на секоја можна функција во државата од страна на СДСМ.

 

 

 

10.07.2017 - 18:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега