Утре продолжение на шестата седница на Собранието

Собранието на Република Македонија утре напладне ќе ја продолжи шестата седница во рамки на чие продолжение пратениците и денеска расправаа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Во тек на денешната расправа пратениците од опозицијата упатија повеќе прашања, меѓу кои за потребите од нови вработувања во институцијата Народен правобранител. Посочија дека Народниот правобранител не се произнел за неговото делување и ја нагласија потребата за доуредување на законската регулатива за јакнење на улогата на оваа институција. 

Народниот правобранител Иџет Мемети, пак, наведе дека со новата систематизација  и организација само ќе му се овозможи целосна независност од извршната власт.

Следна точка на дневниот ред на шестата седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. 

На шестата седница треба да се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

10.07.2017 - 19:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега