Препораки од докторите за заштита од пеколните температури - до среда неподносливо топло

 

Оваа недела до среда се најавуваат пеколни температури до 40 степени. По среда не очекува пад на температурите за околу пет степени.

Ова се препораки за да се заштитите од пеколните горештини:

Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички примпремени производи, како на пример мајонез од домашните  јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци.

До граѓаните се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизсирани, а кога е потребно да бидат надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка. 

Најзасегнати пациенти од покачувањето на температурите се  болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.

Можни се гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна. Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неприпремен зеленчук, неприпремена или неправилно конзервирана храна како: месото, јајцата, саламите, морските плодови, млекото, салатите итн.

Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.

 

 

 

10.07.2017 - 23:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега