Пратениците ја продолжуваат шестата седница

Собранието на Република Македонија денеска на пладне треба да одржи продолжение на шестата седница со расправа за одлуката за давање согласност на општите акти на Народниот правобранител.

Следна точка на дневниот ред на шестата седница е разрешувањето на државниот јавен обвинител Марко Зврлевски. 

На шестата седница треба да се расправа и за предлог-измените на Законот за работните односи поднесени од Нола Исмајлоска, Магдалена Манаскова и Весна Пемова и за годишните извештаи за работата на повеќе институции. Пратениците треба да расправаат и за состојбата со дивата депонија во Струга, предлог поднесен од група пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

11.07.2017 - 08:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега