Австралиската министерка за надворешни работи во посета на Македонија

Министерката за надворешни работи на Австралија  Џули Бишоп денеска престојува во официјална посета на  Македонија.

Австралиската министерка Бишоп, најави македонското МНР, ќе има тет а тет средба со својот домаќин министерот Никола Димитров, по што се предвидени пленарни разговори помеѓу делегациите на министерстватa за надворешни работи на Македонија и Австралија.

Како што најави собраниската служба за информирање, шефот на австралиската дипломатија попладне ќе има средба со претседателот на Собранието Талат Џафери.

 

 

 

11.07.2017 - 08:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега