Постои ли поврзаност меѓу земјотресите во Охрид и Ресен? - еве што велат експертите

По серијата земјотреси во Охрид, како и потресите во Ресен, се поставува прашањето дали постои поврзаност меѓу овие процеси, но експертите се согласни, поврзаност меѓу сеизмолошката активност во Охрид и во Ресен нема.

-Врската помеѓу Преспанското и Охридското Езеро функционира долг период и е независна и не трeба да се бара врска со сеизмичката активност во регионот. Eпицентрачните подрачја беа на тие попречни раседи во северниот дел на Косел па источно од Косел. Не би барал директна поврзаност помеѓу Охридското Езеро и тие раседи, со оглед дека главните раседи кои ја креираат еволуцијата на Охридското Езеро, односно тектониката, се во меридијански правец, односно север - југ, а  на сеизмичките процеси кои сега се случуваат се во сосема обратна насока, изјавува Марјан Темовски од Центарот за изотопска климатологија и проучување на животната средина при Институтот за нуклеарна изотопија во Дебрецин, Унгарија, пренесе Охридњуз.

Оние ставови кои допринесуваат за се поголема паника кај населението, според него не се точно и не треба да се земаат предвид.

-Она што забележав во јавноста секој стаса да си каже за земјотресите, од лаички мислења до митови и легенди. Би апелирал да се слушаат тие што се постручни за оваа проблематика, а не да се земаат мислењата на било кој на таа тема, завршува тој.

Инаку, тлото во Охрид се тресе повеќе од 20 дена и се регистрирани повеќе од 1.200 потреси. Охриѓани во страв спијат надвор од домовите под отворено небо.

 

 

 

11.07.2017 - 08:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега