Иванов ќе прими делегација на фестивалот „Охридско лето“ и џез-квартетот „Форплеј“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска во „Вила Билјана“ во Охрид ќе ги прими организаторите на фестивалот „Охридско лето“ и членовите на џез-квартетот „Форплеј“, кој ќе настапи на отворањето на годинашното 57. издание на „Охридско лето“.

Иванов, како што соопшти неговиот кабинет, утревечер ќе се обрати на свеченото отворање на 57. издание на фестивалот „Охридско лето“.

Фестивалот „Охридско лето“ кој традиционално се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, годинава ќе биде отворен со настап на светски реномираниот смут џез-квартет од Соединетите Американски Држави „Форплеј" во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија. 

 

 

 

11.07.2017 - 11:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега