Седница на Влада за евроатлантските интеграции и Рамковниот договор

Владата на Република Македонија денеска (12:00) ќе ја одржи 14. седница на која ќе бидат разгледани повеќе прашања од евроатланската интеграција на државата, а ќе бидат донесени и неколку кадровски решенија.

Владината прес-служба соопшти дека членовите на Владата ќе разгледаат повеќе прашања за состојбите и напредокот во процесот на евроатланската интеграција, а ќе бидат презентирани и информации за користењето и имплементацијата на фондовите на Европската Унија, како и прегледот за степенот на реализацијата на приоритетите на Република Македонија за влез во НАТО. 

На дневниот ред на седницата е и информацијата за статусот на реализација на Рамковниот договор.

 

 

 

11.07.2017 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега