МВР со важна вест: Од сега еве каде ќе може да поднесете барање за државјанство

Граѓаните од утре ќе може да поднесуваат барања и да им се издава Уверение за државјанство на Република Македонија во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, соопшти Министерството за внатрешни работи.

- Поради зголемен обем на работа, а со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните во овој период од годинава, МВР информира дека од утре (12.07.2017) во просториите на Одделението за управни работи во Скопје и отсеците за управни работи во Битола, Велес, Куманово, Охрид, Струмица, Тетово и Штип, освен фотографирање за лични карти, патни исправи и возачки дозволи како и нивно издавање, граѓаните ќе може да поднесуваат барања и да им се издава  Уверение за државјанство на Република Македонија, се наведува во соопштението.

 

 

 

11.07.2017 - 13:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега