УХМР најавува промена на времето

И утре ќе се задржи претежно сончево и многу топло време, со дневна температура која во најтоплите делови од земјатаќе го надмине 40-иот степен.

  Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе услови опаѓање на дневната температура најпрвин во северните делови, каде кон крајот на денот ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

 Во петок во текот на ноќта, а особено во сабота на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Трендот на мамалување на температурите ќе продолжи и понатаму, така што во недела се очекува да опадне за 8-10 степени во споредба со утрешната.

 

 

 

 

 

 

11.07.2017 - 13:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега