ВМРО-ДПМНЕ бара да се откријат лицата што ги оштетија гробовите во с. Љуботен

ВМРО-ДПМНЕ денеска најостро го осуди вчерашниот, како што наведоа, вандалски чин во кој беа осквернавени триесетина гробови кај црквата Свети Никола, во село Љуботен. 

- Пораката која се испраќа преку ваквиот вандалски чин ги вознемирува не само жителите на село Љуботен туку и граѓаните низ цела држава.
ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува ова злосторство и бара виновниците што е можно побрзо да излезат пред лицето на правдата. МВР не смее да се однесува незаинтересирано, изјави Дејан Митровски. 

ВМРО-ДПМНЕ очекува уште во наредните денови вандалите да бидат откриени и санкционирани.

- Само на тој начин ќе се испрати јасна порака дека ваквото вандалско однесување е неприфатливо и ќе се смири нервозата кај граѓаните, рече Митровски.

 

 

 

11.07.2017 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега