ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од жалењето на Димитров за изјавата на Дачиќ

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име и оти катастрофалната меѓународна политика на Заев и Димитров, која, како што стои, има заеднички именител „виткање кичма“ секојдневно ги урива позициите и достоинството на Република Македонија.

- Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија, а владата на СДС упорно молчи. Од бугарска страна се слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните на Република Македонија, според ВМРО-ДПМНЕ, имаат право да ја знаат содржината на договорот и да знаат какви отстапки има Заев направено. Се потсетува дека затоа пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ упатила писмо до премиерот Заев и министерот Димитров со цел да се дознае содржината на договорот, бидејќи, како што стои, пратениците во бугарското Собрание веќе добиле можност да направат увид и да го погледнат усогласениот договор.

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, бара можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината. 

 

 

 

12.07.2017 - 09:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа