Противпожарните единици на терен- огнот сеуште дивее во Струмица

Вчера, околу 14,00 часот, помеѓу селата Водоча и Баница-Струмица, во близина на военото стрелиште, каде мештаните од село Баница фрлаат смет и друг отпад, настанал пожар, кој се проширил над село Баница према брана “Водоча“.

Над селото, односно над самите куќи пожарот е локализиран, но истиот во поголем обем се проширил по планината Јабланица.

На лице место во гаснењето учествуваат екипи од Противпожарна единица Струмица,  “Комуналец“ и “Македонски Шуми“.

Пожарот се уште не е локализиран, а на лице место има и две патроли со по двајца полициски службеници, кои не дозволуваат пристап на малолетни лица и движење на возила кои би го попречиле нормалното движење на возилата кои учествуваат во гаснењето на пожарот. 

 

 

 

13.07.2017 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега