Кузмановска: Политиката на СДС е купи ден помини

Владата на СДС лицемерно ги лажеше граѓаните. Во текот на наредната недела, поточно во вторник, министерството за финансии на аукција на државни записи ќе се задолжи со нови 13 милиони евра. Досега од доаѓањето на власт владата на СДС се задолжи за околу 60 милиони евра, а сега со дополнително задолжување износот ќе дојде до 73 милиони евра. 

Додека беше опозиција СДС аукциите на државните хартии од вредност ги нарекуваа криминал. Сега кога се сместија во фотелји заедно со новинарите кои станаа портпароли по министерствата секој втор вторник распишуваат нова милионска аукција, а коментар по ова прашање од истите тие луѓе јавноста не видела.

Целосно е неприфатливо партизирањето и вдомувањето во државни институции на сите учесници во платеничката револуција на СДС и СОРОС на товар на граѓаните, меѓу другото и со пари кои ги обезбедуваат со ваквите задолжувања.

Политиката на СДС е купи ден помини.

Ова е загрижувачки уште повеќе што од новото задолжување само 290 илјади евра ќе се искористат за враќање на доспеани долгови, што значи повеќе од 12 милиони и 700 илјади евра ќе бидат НОВ ДОЛГ на граѓаните на Република Македонија. 

Тоа ја покажува во целост неодговорноста на СДС, нивната неспособност и нивното лицемерие.

Едно ветуваа во опозиција сосема друго прават кога дојдоа на власт.

 

 

 

 

13.07.2017 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега