ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните ќе бидат вистински добитници кога минималната плата ќе стане 16.000 денари, а просечната 30.000

Македонија и нејзините граѓани ќе бидат вистински добитници кога владата на Зоран Заев ќе ги реализира ветувањата и ќе отпочне преговори за членство во ЕУ во наредните 3 до 6 месеци без притоа да се склучуваат договори на штета на македонскиот народ и држава и без да се задира во идентитетските прашања.

Македонија и нејзините граѓани ќе бидат вистински добитници кога СДС ќе ги исполни ветувањата за нови 500 км автопатишта и кога платата на докторите ќе биде 100.000 денари.

Граѓаните ќе бидат вистински добитници кога минималната плата ќе стане 16.000 денари, а просечната 30.000.

Самитот во Трст испрати позитивни пораки какви што беа испратени уште пред 3 години на берлинскиот процес кога за прв пат се говореше за економска помош од 1 милијарда евра за земјите од регионот.

Впрочем во таа насока Владата предводена од  ВМРО-ДПМНЕ остави бројни проекти кои треба да се реализираат периодов. Токму Владата на СДС и Зоран Заев им преостанува обврската тие проекти кои се изготвени, а дел од нив и отпочнати, да ги финализираат за граѓаните на Македонија да имаат конкретна корист.

За вистински бенефит на Република Македонија и нејзините граѓани, Владата на Заев мора да вложи многу повеќе труд и вистински да се посвети на обврските наместо на гол популизам кој го гледаме досега претставен во бројните блокирања, укинувања и најави за уривање. Без работа и конкретна реализација, овој оптимизам на Заев ќе биде на штета на државата и интересите на граѓаните.

 

 

 

13.07.2017 - 16:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега