Малолетник тешко повреден во сообраќајка- двајцата возачи немале дозвола

Вчера попладне околу 15.00 часот на спојот од регионалниот пат Чашка-Лисиче, со земјен пат кој се наоѓа на околу 15 метри после мостот на река Тополка, се случила сообраќајна незгода помеѓу мопед „АПН-6“ со велешки регистарски ознаки управуван од 17- годишен А.П  од Чашка и патничко моторно возило „Фолксваген Шаран“ со велешки регистарски ознаки  управувано од 49- годишниот З.М  од село Долно Јаболчиште-Општина Чашка.

Во незгодата со повреди се здобил возачот на мопедот, А.П  кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Јавната здраствена установа Велес-Хируршко одделение, каде од страна на лекар се констатирани тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош е  задржан на лекување.

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес, при што е констатирано дека двајцата возачи не поседувале важечки возачки дозволи, a поради технички причини не е извршено алкотестирање на истите.

Возилата се упатени на технички преглед. 

 

 

 

16.07.2017 - 12:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега