Павлоски: Спасовски без никаков аргумент отпочна партиска чистка

Интегрален текс од денешната прес конференција, која се одржа во просториите на ВМРО- ДПМНЕ пришто се обрати Саше Павловски.

Социјал-демократскиот сојуз брутално го партизира Министерството за внатрешни работи.
Потпретседателот на СДС Оливер Спасовски сега како Министер за внатрешни работи без никаков аргумент отпочна со партиски чистки и поставување на партиски послушници на сите раководни позиции. 


          Ваквото однесување го гледавме и во периодот кога истиот ја извршуваше функцијата технички министер за внатрешни работи. Само за потсетување, во рок од неколку месец, Оливер Спасовски незаконски разреши стотици професионалци во МВР, пресметувајќи се со сите кои не се блиски на партијата од која што доаѓа. За сметка на сменетите професионалци, позициите ги пополнуваше со партиски послушници унапредувајќи ги и по 7 скалила спротивно на системот на кариера. Така свои позиции си обезбедија и луѓе како сопругот на тогашната министерка за труд и социјала Фросина Ременски.

          Сиот хаос кој го креираше Оливер Спасовски резултираше со драстично намалување на активностите на МВР.


          Сега повторно сме сведоци на исто вакво однесување. Потпретседателот на СДС, Оливер Спасовски и неговите партиски послушници секојдневно се јавуваат на вработени во МВР кои низ долгите години во службата, постепено ја граделе кариерата и стигнале до одредена позиција за да им нудат одредени пониски позиции. Понудата од СДС е земи или остави. Им нудат пониски места на кои би биле распоредени по сопствено барање.

          Во спротивно, следат закани дека ќе бидат деградирани и девалвирани и дека нема да може ниту судот да им помогне.


          Ваквите закани не се упатени само кон вработени во Скопје, туку и по Секторите за внатрешни работи низ државата. Таргет се сите професионалци кои не постапуваат по партиските наредби на Оливер Спасовски. Таргет се сите професионалци кои работеа на бројни случаи почнувајќи од оние како „Планинска бура“ во кои се бранеше државата, па се до предмети во кои заради трговија со наркотици беа откриени голем број партиски пријатели и соработници на Зоран Заев, Оливер Спасовски и СДС.


          Тоа што го прави Оливер Спасовски е целосно незаконски и спротивно на Колективниот договор и Законот за внатрешни работи.


          Формирањето на партиска полиција е целосно неприфатливо и ќе ја наруши безбедноста во државата. МВР мора да одговори колкурешенија се поделени изминатиов период и кои се причините за смени ?


          ВМРО ДПМНЕ ги повикува професионалците во полицијата да не подлегнуваат на политичките притисоци од страна на потпретседателот на СДС и правдата да ја бараат пред повисоките органи.


 

          ВМРО ДПМНЕ ги повикува претставниците на меѓународната заедница кои го следат работењето на полицијата, навреме да реагираат и да не дозволат ситуацијата да излезе вон контрола.

 

 

 

16.07.2017 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега