Ристевска: Општина Аеродром редовно вложува средства за воспитно-образовниот процес да биде на едно повисоко ниво

Секретарот на општина Аеродром Ана Ристевска на денешната панел-дискусија на тема „Инвестираме во локалната самоуправа“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека општината редовно вложува средства за воспитно-образовниот процес да биде на едно повисоко ниво.

-Исто така, на годишно ниво општината издвојува 15 милиони денари отприлика, за покривање на сите трошоци во училиштата, заради непречено функционирање и на училиштата и на градинките. Бидејќи ние сме општина каде што перманентно се зголемува бројот на дечињата, од таа причина потребно е и наше несебично залагање во постојана грижа, бидејќи дечињата од една страна ни се најбитен сегмент и најбитна алка за развој на самата општина, истакна Ристевска.

Според неа, во последните четири години реконструирани се сите основни училишта од типот на прозорци, кровови, подови, санитарии итн. Реконструирани се сите спортски сали, постојано се одржувале сите детски и спортски игралишта кои се во рамки на училишните дворови.

-Изградено е едно ново училиште, на повидок е и второто. Изградени се три нови градинки. Сега ќе отпочнеме со градба на четврта. Постојано фокусот на работењето во однос на образованието е во зголемување на капацитетите се за подобри услови за дечињата кои што живеат во нашата општина, посочи секретарот на Аеродром.

Таа го потенцираше и проектот на општината за бесплатни униформи за сите 7.000 дечиња во основното училиште. Истакна дека со тоа на родителите им е олеснето зашто не трошат пари за облека на децата, но и оти со тоа не постои различност меѓу нив.

Ристевска потсети и дека секоја година по ред, најдобрите ученици во основните училишта се испраќаат во Лондон, во општината Вандсворт, која е збратимена со општина Аеродром. Овие деца претстојуваат во седумдневна посета на Лондон.

Советникот од општината Дејан Митески вели, За да имаме една успешна приказна како што е општина Аеродром покрај успешен градоначалник неопходна ни е и силно и стабилно мнозинство за да можеме да реализираме што поголем број на проекти.

Тој вели дека изминатите четири години имаат одржано 70 седници на советот и донесени се повеќе од 140 акти вклучително и легализирање на 700 бесправно изградени објекти согласно законот донесен од владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ го донесе. Сакам да ја напоменам и опструкцијата од страна на опозицијата во општина Аеродром и за ниту една од овие 700 одлуки нема гласано „ЗА“ односно гласаат или против или се воздржани. Со овие одлуки се овозможува луѓето да го решат своето животно прашање и да добијат легален објект каде што живеат или остваруваат некоја дејност, рече Митески.

Вели дека советот има клучна улога во општината и добрата соработка со градоначалникот е неизбежна и подготвување на изборната програма преку која што граѓаните го дале својот глас на изборите.

 

 

 

 

17.07.2017 - 17:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега