ВМРО-ДПМНЕ: Кратењето на буџетот ја отсликува негрижата на СДСМ за културното наследство

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека министерот за култутра Алаѓозовски и Социјалдемократскиот сојуз со стопирање на изградбата на проектот Антички театар Скупи ја потцениле маката на илјадници работници кои неколку години работеле на тој локалитет.

– Со ребалансот на буџетот предвиден за изградба на Античкиот театар Скупи, сите средства кои беа наменети за проектот се укинати некаде над 80 отсто. Ова потврдува дека на СДС воопшто не им е гајле што илјадници археолошки работници го вложија својот труд со години наназад, рече на прес-конференција Валентина Божиновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде дека со ребалансот на буџетот во културата, проектиран од Социјалдемократскиот сојуз и Алаѓозовски, тие го кратат буџетот за сите археолошки истражувања со над 70 отсто.

– Кратењето на буџетот за археолошки истражувања на локалитетите низ државата е некаде над 70 отсто, а тоа ја отсликува негрижата на СДС за културното наследство во Република Македонија, рече Божиновска.

Таа повика СДСМ да не ги стопира реализацијата на проектот за Антички театар Скупи и археолошките истражувања на локалитетите низ Република Македонија. – Место блокади, фатете се за работа бидејќи вака ако продолжите ќе бидете запаметени како варвари во културата и културното наследство во Република Македонија, нагласи Божиновска.

 

 

 

 

17.07.2017 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа