Трајановски за Алфа: Ќе поднесам кандидатура во партијата, а таму ќе видиме што понатаму

Јас ќе ја поднесам кандидатурата во партијата и таму треба да одлучиме како понатаму, истакна во денешното гостување на Телевизија Алфа градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски откако беше прашан дали повторно ќе се кандидира за градоначалник.

-Најпрво да гледаме да се распишат изборите. Да гледаме дека навреме ќе бидат распишани локални избори. Потоа во партијата има процедура, како во сите, така и во нашата има процедури, посочи Трајановски.

Тој појасни дека во таа процедура се селектираат кандидатите за кои партијата смета дека ќе имаат највеќе можности врз основа на анкетите. Трајановски очекува дека ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе има добри кандидати и оти ќе има добри резултати.

-Оставивме белег во Град Скопје, иако секогаш има повеќе, и јас мислам дека можело многу повеќе, меѓутоа, кога ќе седнеш на тоа столче и кога ќе ги видиш сите можности и сите ограничувања и сите пречки што треба да ги направиш за да организираш одреден проект, ќе видиш дека не е така лесно. Значи дека има многу потешкотии за да се реализира, потенцира Трајановски.

 

 

 

17.07.2017 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа