Несреќа во Македонија: Со автомобилот прегазил пешак

Пешак бил повреден вчера попладне во Неготино. По укажаната медицинска помош, бил упатен на домашно лекување.

Портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски денеска изјави дека пешакот бил повреден околу 16 часот и 30 минути на улицата „Ацо Аџи Илов“, спроти летната тераса на „Сити кафе“. 

- Од страна на 40-годишниот возач Д.Д. од Неготино со патнички автомобил марка „форд фокус“ со неготински регистарски ознаки, загрозена била безбедноста во сообраќајот. Возачот најпрво го стартувал автомобилот, тргнал и го удрил пешакот, 29-годишниот Д.К. кој се движел по тротоарот. Пешакот по ударот се здобил со телесни повреди, а возачот со автомобилот удрил во инвентарот на „Сити кафе“ и запрел на тревната површина, рече Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица од општа надлежност Неготино. 

 

 

 

18.07.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега