Младо момче падна од објект во градење - итно пренесено на скопските Клиники

Во текот на вчерашниот ден се случила страшна несреќа во Македонија околу 09 часот и 30 минути. Во СВР-Куманово е пријавено дека во селото Черкези-Куманово, од куќа во изградба, при извршување на градежни работи, паднал 20-годишниот М.М. од липковско, на кого медицинска помош му е укажана во болницата во Куманово.

Тој  поради сериозноста на повредите со возило на итна медицинска помош е пренесен во Ургентниот центар Скопје.  

Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител  и увидна екипа  од  СВР Куманово.

 

 

 

18.07.2017 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега