Вооружен грабеж во скопска аптека

На 18.07.2017 година утрото во Скопје на бул.„Крсте Мисирков“, во аптека “Зегин“, непознат маскиран сторител извршил разбојништо со закана со пиштол и од вработените одзел околу 3.500 денари. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

 

Истиот ден, попладнето во Скопје на ул.„Ќемал Сејфула“, во аптека “Дајана Фарм“, непознат сторител маскиран и со пиштол извршил разбојништво.Откако сторителот излегол од аптеката, бил забележан од полициски службеник од единицата Алфа, кој во моментот не бил на работа и го управувал своето возило. Во тој момент, полицискиот службеник го запрел возилото и се упатил кон сторителот, при што употребувајќи сила успеал да го совлада сторителот на тротоарот.

Сторителот бил приведен во ПС-Бит Пазар, а се работи за 44-*годишниот М.А.од Скопје.

Полицијата ги презема потребните мерки за расчистување на настанот. 

 

 

 

19.07.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега