Кумановец дивеел во полициска станица

 

Утринава во 02 часот и 50 минути  во полициската станица во Куманово, додека полициски службеник вршел службени задачи, односно вршел преглед на приведените лица 31- годишен Д.З  и 39- годишен М.З двајцата од Куманово, и им издал наредба да извадат од џебовите се што имаат, Д.З. го омаловажувал и навредувал полицискиот службеник.

Во текот на ноќта, Д.З. агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеници и поради  обид за самоповредување, иако едната рака со лисици му била врзана за масата, неколку пати со главата удрил во масата.

Полициски службеник се обидел да го спречи да се самоповреди, при што Д.З. физички го нападнал, на начин што со левата рака го удрил во пределот на градите и притоа го фатил за службената униформа и почнал да го тегне.

Со употреба на сила, Д.З. е доведен во послушна состојба и против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

 

 

 

19.07.2017 - 11:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега