Сообраќајка во Скопје - маж итно пренесен на Ургентен

Вчера во 10 часот 46  минути во Скопје на улица „Ќемал Сејфула“ пред бензинската пумпа на „Макпетрол“, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило “Митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 48- годишен З.Х од Скопје, и мопед “Генерик“ исто така со скопски регистарски ознаки, управувано од 44- годишен А.Д од Скопје.

Од незгодата, со тешки телесни повреди (скршеница на лево рамо) се здобил А.Д., по што со возило на  итна медицинка помош бил пренесен во ургентниот центар Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Скопје.

 

 

 

19.07.2017 - 12:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега