Стевананџија:Кратите пари од граѓаните кои беа наменети за изградба на градинки,а ги вработивте сите шарени револуционери

 -На денешната комисија  за финансирање и буџет во Собранието  на Република Македонија,каде што на дневен ред е разгледување на ребалансот на буџет за 2017 година,пратеникот  на ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија, реплицирајќи на  говорот  на пратеникот Сашо Поцков посочи дека  со ребалансот на буџетотединствено нешто што влегува во очи на прв поглед кога ги гледате бројките е тоа што се оделило 935 милиони денари за договорни услуги,што самото по себе покажувало дека  се планирано да се вдомат сите така наречени шарени револуционери од невладините организации,како награда за  тоа што  плукале во изминатиот период против владата на ВМРО-ДПМНЕ.

-Морам уште еднаш да истакнам дека пратениците од редовите на СДСМ не поднесоа ниту еден амандман  во интерес на граѓаните на РепубликаМакедонија,а кој се однесува на ребалансот на буџет за 2017 година.сакам да потенцирам едно,многу години слушавме дека на порта Македонија ќе имало еден голем бројчаник на портата, кој ќе го покажувал темпото  со кое се задолжувала тогашната влада.Времето помина видео бимот го нема,бидејќи веќе  нема толкав голем бим,колку што се долги  и големи бројките.односно сумите со кои ја задолжувате Република Македонија во овие 40 дена колку што сте на власт,посочи Стевананџија.

-Не сум економист не ги разбирам могу финсансиите но едно знам,за овој краток перид успеавте да не задолжите 76 милиони евра,просек  1 500 000  евра дневно и бројчаникот си врти,така да со оваа темпо после локалните избори,кој знае уште колку ќе не задолжите и колкава ќе биде бројката,анализираше Стевананџија.

-Почитуваната јавност треба да знае една аномалија во овој ребаланс,иако се крати како што вие викате на  трошоците во многу министерства,се зголемува  проектираната бројката која Република Македонија требаше да се задолжува до крајот на годината и таа бројка до крајот на годината ќе достигне до  500 милиони евра.И со тоа паѓа во вода се онаа што СДСМ го кажуваше во изминатите години и само да потенцирам со оваа темпо на задолжување на државата,не можам и самиот да претпоставам која ќе биде цифрата колкав ќе биде долгот на сите оние новородени дечиња до 2018 година,истакна Стевананџија.

Велите се кратат трошоци се цел да се подобри  состојбата на стечајците,земјоделците и на оние што треба да им се исплати минимална плата,така како што вети СДСМ.Јас забележав едно,околу 935 милиони денари оделувате за  договорни услуги.

-Водителката од Фчерашни вести сте ја вработиле како портпарол во министерството на  за финансии,еден пример честито нека ви е.Крајно не непотистички сте ја вработиле ќерката на Тито Петковски,аирлија треба да се намалува невработеноста.Сте го здомиле Бубо Каров во владата,Борците за демократија за правда од невладините организации, имаат пет претставници во пратеничката група на СДСМ.Марјан Забрчанец,како советник на Заев и уште многу други,рече Стевананџија.

-Влатко Василиј,вработен во влада,Петрит Сарачини шеф на кабинетот на министерот Алаѓозовски,Влатко Лешовски,Ѓунер Ислаил,Мирослав Грчев,Дане Талевски,борецот за правата на невладините организации Бојан Маричиќ,значи вие направивте хокеарска измена.Невладините организации  комплет ги втеравте во влада,не оставивте простор на сите оние кои што веруваа во подобар живот и кои што различно размислуваа,рече Стевананџија.

Вие стрикно ги вработивте сите плукачи,кои плукаа против владата на ВМРО-ДПМНЕ и тука не застанува списокот,вели Стевананџија.

 

 

 

21.07.2017 - 17:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега