Милошоски: Ако се има политичка воља новата влада со ребалансот ќе одели 2 милиони евра за обештетување на граѓаните на Охрид,Ресен и Струга

 

Пратеникот Антонио Милошоски му се обрати на својот колега пратеник од редовите на СДСМ Томислав Тунтев ,, Недостојно е што како пратеник од Охрид наместо да се залагате што повеќе средства за обештетување вие иронизирате дали пукната фасада или оштетен кров или гаража или соба или статика на куќа  е штета или не е штета’’. Милошовски понатаму истакна дека во градовите Охрид, Стуга и Ресен од природната непогода навистина е настаната штета и на граѓаните треба да им се помогне и да се обештетат. Општината Охрид веќе има направено увид и проценка на штетите за да се овозможи обештетување од штетите настанати по земјотресите.

 Ако се има политичка воља истакна Милошоски новата влада со ребалансот ќе одели 2 милиони евра за обештетување на граѓаните на Охрид, Ресен и Струга. Со тоа ќе им се помогне на граѓаните да ја поправат штетата направена од оваа природна непогода. ,,Сега вие го браните буџетот, односно ребалансот или ги браните интересите на граѓаните на Охрид кои што претрпеле штета од земјотрес’’ додаде тој. Овој амандаман за пратеникот Милошоски не е наменет за блокада или опструкција на буџетот тука е реакција на реалните проблеми на нашите сограѓани и ги засега сите дали припаѓаат на една друга или трета политичка опција.

 

 

 

 

 

 

22.07.2017 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега