Османи: Нема да има генерален реизбор на судии

Мислам дека е апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии. Ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите, вели вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За планот 3-6-9 вели дека е една траекторија од мастер планот на Владата за откочување на евроинтегративните процеси. 

- Втората траекторија е адресирање на отворените политички прашања. Тука влегуваат меѓуетничките односи и односите со соседите. Меѓутоа се разбира планот 3-6-9 е важен план, којшто сам по себе има две цели. Едната е да создаде општество коешто е европско и добро за граѓаните и второ, да ги постигнеме очекувањата на нашите европски партнери во делот на интегративниот пат, меѓутоа одлуката за започнување на преговори е консензуална одлука на сите земји членки и за тоа треба да се исполнат двете траектории, вели османи и додава дека опфаќа повеќе области, а доминантно е правосудството.

Според него,  апсолутно погрешна интерпретацијата дека владата или новото парламентарно мнозинство ќе прави реизбор на судии, тоа е во спротивност со препораките на Европската комисија и на телата на Советот на Европа и во спротивност со политиките на новото парламентарно мнозинство и на владата, туку напротив ќе се зголеми улогата на новиот Судски совет во дефинирање на постапките за избори или дисциплинирање на судиите. Дури една од мерките која е предвидена во планот 3-6-9 е анулирање на закон за верификација на факти за дисциплинирање на судиите.

За спорот за името Османи за Радио Слободна Европа вели: - Позитивни сигнали има, Нимиц после повеќе време и само неколку денови после формирањето на владата дојде во Скопје, потоа Димитров беше во Атина, Нимиц се сретна со Коѕиас и јас преку СЕП работам за воспоставување на нови мостови на комуникација со Грција, евентуално и средба на високо ниво со Грција, бидејќи само преку градење на мерки на доверба, само преку градење на мостови на комуникација и отстранување на предрасудите, ние може да создадеме основа за решавање на ова прашање. Потребни ни се храбри одлуки, владата е одлучна да влезе во разговори за решавање на ова прашање, се разбира дека нашиот интерес е и Грција да учествува во тој дел, во наоѓање на заедничко прифатливо решение, бидејќи тоа е во интерес на двете држави и на регионот во целина.

 

 

 

23.07.2017 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега