И денес пеколно- еве кога не чека разладување

 

Времето денес сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер, во западните делови од југозападен, а во источните делови од југоисточен правец. Попладне и кон крајот на денот ќе има услови за ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 40 степени. УВ=9

Утре и во среда ќе има повремено зголемување на облачноста и појава на локален дожд со грмежи. Утре ќе дува засилен ветер од југозападен правец.

Во четврток врнежи ќе има на повеќе места, а локално ќе бидат пообилни и проследени со ретки грмежи.

Дневната температура во следните два дена ќе бележи постепено опаѓање, а позначителен пад ќе има во четврток, кога ќе биде и најсвежо.

Од петок се очекува стабилизација и повторен пораст на температурата на воздухот.

 

 

 

24.07.2017 - 11:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега