Кривични за двајца полицајци за злоупотреба на службена положба и овластување

Полициската станица Берово, Оддел за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, поднесе кривична пријава против 26- годишен С.Е од Пехчево и 46- годишниот П.В од Берово, двајцата полициски службенци во Полициска станица Берово, поради постоење осноци на сомнение дека пријавените сториле кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во првиот случај пријавената, на 02.04.2017 година, во 18 часот 30 минути во село Смојмирово, со радар извршила сообраќајна контрола на брзината со која се движел Р.В. од Делчево, кој управувал со возило „БМВ 320“, при што констатирала дека истиот се движел со поголема брзина од дозволената, односно со 74 км/час каде дозволената брзина е 40 км/час, а во службените документи пишала дека возачот возилото го управувал со 69 км/час, со што на возачот му овозможила во возачката книшка да внесе 25 негативни поени наместо 50 негативни поени и до надлежниот суд не изготвила и не поднела барање за поведување на прекршочна постапка за одредување и изрекување на заштитна мерка управување на возило од „Б“ категорија во период од 3 до 12 месеци.

Во вториот случај пријавениот, на 31.03.2017 година, во 13 часот 40 минути, во село Будинарци, со радар извршил сообраќајна контрола на брзината со која се движел В.К. од Скопје, кој управувал возило „Фолксваген Пасат“. При контролата е констатирано дека возилото се движело со 74 км/час , на место каде дозволената брзина е 40 км/час, а во службените документи напишал невистинита содржина дека ограничувањето на брзината на движење е 60 км/час, иако знаел дека ограничувањето на брзината со сообраќаен знак е ограничена до 40 км/час, со што на возачот му овозможил корист во возачката книшка да внесе 10 негативни поени наместо 25 негативни поени.

 

 

 

24.07.2017 - 13:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега