Паднал и удрил со главата на бетон - детали за трагедијата во Велес
Трагедија вчера ја потресе Македонија кога во 8 часот и 15 минути на улицата Петре Милевски во Велес при малтерисување оџак на куќата на 52-годишниот В.Л. градежниот работник Д.М.(69) паднал од градежно скеле на висина од 3,8 метри и со главата удрил на бетонскиот тротоар во дворот.
Истиот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен Општа болница Велес, каде била констатирана смрт.
Увид на лице место извршила екипа од СВР-Велес.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на семејството за погреб.
26.07.2017 - 12:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа