Инфективната Клиника во Скопје под карантин - двајца починаа, уште тројца заразени

Инфективната клиника во Скопје од утрово е под каранти, откако починале двајца пациенти од високо заразно заболување. Како што дознава САКАМДАКАЖАМ, на Инфективна биле хоспитализирани петмина пациенти од гостиварско, во тешка здравствена состојба, а болеста брзо прогресирала, поради што двајца од нив починале.

Лекарите се сомневаат дека целото село е заразено и очекуваат нови пациенти. Според едни извори станува збор за западно нилска треска, односно од вирус кој што го пренесува тигрестиот комарец. Други пак велат дека станува збор за туларемија, болест што ја пренесуваат глувци, глодари, змии и лисици.

Сеуште нема прецизни податоци.

 

 

 

26.07.2017 - 13:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега