Патот до Трескавец ќе биде готов за празникот Богородица

Патот до манастирскиот комплекс Трескавец ќе биде пуштен на 28 август. Градоначалникот Марјан Ристески, денеска ги посетил екипите на градежното претпријатие „Гранит“ кои го асфалтираат патот до манастирскиот комплекс Трескавец и изразил задоволство од текот на работите за асфалтирање на патот, за што министерството за транспорт и врски вложи 2 милиона евра.

-Задоволен сум како се одвиваат работите. Минатата година на 28 август, на големиот празник „Успение на пресвета Богородица“, го ставивме камен-темелникот и наместо за година и пол, екипите од „Гранит“ ветија и исполнија дека патот ќе биде готов за една година. Што значи дека на 28 август ќе биде пуштен во употреба, изјавил Ристески.

Сеуште стигнуваат донации од сите страни за обнова на опожарените конаци кои страдаа во катастрофалниот пожар од 4 февруари годинава. Проектот за обнова на конаците е во завршна фаза и надежите се дека на пролет ќе може да почнат градежните работи.

21.08.2013 - 14:18
Фото: 
а1он

најчитано сега