Во Црна Гора со оваа работа може да се заработи и до 300 евра дневно
Продавачите на крофни на црногорското приморје дневно може да заработат и до 300 евра, а месечната заработка достигнува и над илјада евра. Во време кога тешко се доаѓа до работа или се преживува од плата, летната туристичка сезона за многумина е можност да заработат или дополнат домашниот буџет.
Една крофна чини 1 евро, а во екот на сезоната, ако човек се потруди може да достигне и до 300 евра дневно, па и повеќе. Во Будва на пример, крофните чинат 1,5 евра, а сезоната почнува порано и трае подолго, па заработката е поголема. Не е лесно и цел ден треба да се движи по врелиот песок, но на крајот од денот се исплати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа