Хорор за пензионер кај Саат кулата во Битола

Околу 21 часот и 30 минути пред „Саат кула“ во Битола две непознати лица извршиле разбојништво над 62-годишниот Л.А. при што му одзеле паричник во кој имало лични документи и 9.390 денари. Еден од насилниците со чадор го удрил Л.A. во пределот на грбот, додека другиот од џебот од панталоните му го зел паричникот.

Откако го извршиле делотот почнале да бегаат, а пензионерот тргнал по нив. Трчајќи ги извадиле парите од паричникот и го фрлиле на земја.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

28.07.2017 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега