Скопската Зоолошка одби слон бидејќи бил стар

Скопската Зоолошка градина се откажала од слонот што го понудиле од Европската асоцијација на зоолошки и аквариуми (ЕА­ЗА), бидејќи бил стар, пишува Вест. Според весникот, од Зоолошката истакнале дека ќе земат само млад и темпераментен слон.

-Не мора по секоја цена да земеме слон. Ќе ги израдуваме посетителите со вакво животно само кога ќе добиеме слон што ќе ни одговара. Ја че­ка­ме вистинската понуда, изјавила директорката на Зоолошката, Татјана Стаменов, пренесува  Вест..

 

21.08.2013 - 15:46

најчитано сега