Се испитува изворот на заразата од која починаа таткото и синот од Симница

Тим од епидемиолози и санитарни техничари бил испратен во гостиварското село Симница во домот на лицата кои починаа на Инфективната клиника во Скопје.

Извршена е дезинфекција и дератизација во домовите и околината  и земени се мостри од водата за пиење.

Четворицата пациенти кои биле потоа примени на Инфективната клиника биле роднински поврзани со починатите и биле во контакт со нив.

Поголем дел од семејството работеле и престојувале на приватно бачило. Инспектори од агенцијата за храна направиле теренски увид во бачилото и било констатирана добра општа здравствена состојба на добитокот, земени биле примероци од крв за серолошко испитување, како и сирење за лабораториска анализа.

Извршена е комплетна дезинфекција и дератизација на сите објекти (домови, штали , околина) во селото Симница.

Резултатите добиени од испитувањата потврдија дека двете лица кои починаа на инфективната клиника во Скопје биле заболени со хантан вирус. На 27- ми овој месец во клиниката се примени три нови случаи.

 

 

 

31.07.2017 - 09:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега