Субвенции за овоштарите и лозарите

 Оваа недела треба да почне исплатата на предвидените 28 милиони денари субвенции за 544 овоштари.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), неделава ќе почне и исплатата на поддршката за лозарството, како и за штетите од невремето во општина Гази Баба.

Според МЗШВ, со оглед на состојбата во која се наоѓаат овоштарите од преспанскиот регион, се прават напори да им се излезе во пресрет на земјоделците и на нивните барања. 

Во врска со исплатата на обесштетувањето за ланските пролетни мразеви во преспанскиот регион, Министерството информира дека подготвило Информација која ќе се разгледува на една од следните седници на Владата. 

 

 

 

31.07.2017 - 09:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега