Што ја чека Македонија на 4. август - предупредување од УХМР, живата на термометарот се искачува

Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време.  Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предпредување од топлотни бранови.

Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење на потенцијална опасност од шумски пожари.

В сабота спрема недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи.

 

 

 

31.07.2017 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега