Како се патува со очила за вид?

Иако, работните обврски ни го исполнуваат поголемиот дел од нашето секојдневие, па дури и некогаш целиот ден, моментите кога можеме да си земеме здив често ги користиме за организирање на некое патување. Без разлика дали е тоа еден ден, викенд или подолг одмор, за лицата кои носат очила секое патување може да прерасне во напор.

Затоа треба да се особено внимателни да не се случи некоја незгода, како губење или кршење на очилата. Со ласерската корекција на диоптрија или вградувањето на мултифокалните леќи во Систина Офталмологија овие грижи нема да ги имате.

Сепак ако патувате со очила, пожелно е да ги имате во предвид овие кратки препораки кои ќе ви го олеснат одморот.

 

  • Потврда за очила – секогаш со вас

Ако случајно ги оштетите рамките или стаклата, секогаш е добро да ја понесете со вас и потврдата за очила на која е наведена вашата диоптрија/цилиндер. На овој начин, стаклата ќе бидат добро изготвени и ќе може да продолжите со вашиот одмор.

Ако забележите пред патувањето дека имате некоја мала промена на диоптрија, посетете го вашиот офталмолог. Ќе ја имате точната информација за вашите очи и рутинската проверка е секогаш добредојдена.

  • Квалитетна заштитна кутија за очила за вид

Најверојатно си мислите секоја кутија е добра за чување на очила, но не е баш така. При одбирање на кутија треба да внимавате да одговара на големината на вашите очила, во спротивно сигурно ќе ги оштетите. Цврста кутија, со соодветен облик и дизајн е доволна за заштита на очилата во вашата чанта.

  • Понесете дополнителни очила

Ги изгубивте очилата, а во близина немате оптика да си направите нови, и сега што?! Задолжително понесете со вас дополнителен пар очила. Чувајте ги одделно од останатите очила за да не останете без двата пара во исто време.

  • Repair kit за очила

“Прва помош“ за очилата е штрафцигер, соодветно штрафче и марамче (марамчиња). Овие алатки кои се едноставни за употреба, а воедно ќе ви заштедат многу време и дополнителни трошоци.

 

Летен попуст на ласерска корекција на диоптрија во Систина Офталмологија! Ослободете се од очните помагала за само 450 евра од око! Акцијата трае до 31.08.2017 година. Закажете термин на: 02/3097-000; 070/351-008.

 

https://www.sistinaoftalmologija.com.mk/

 

 

 

31.07.2017 - 11:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега