Отворен ден за високи гости на вежбата „Драгон Гардијан 17“

Најавено е присуство на премиерот Заев, министерката за одбрана Шеќеринска, како и американскиот амбасадор Џес Бејли. Единиците на АРМ и армијата на САД ќе демонстрираат изработка на полетно- слетна патека на армискиот полигон Криволак за беспилотски летала.

На армискиот полигон Криволак, денеска ќе се одржи Отворен ден за високи гости на вежбата „Драгон Гардијан“. Најавено е присуство на премиерот Заев, министерката за одбрана Шеќеринска, како и американскиот амбасадор Џес Бејли. Единиците на АРМ и армијата на САД ќе демонстрираат изработка на полетно- слетна патека на армискиот полигон Криволак за беспилотски летала.

По Скопје, и во Велес и во Штип беа презентирани опремата и оружјето на Армијата на Република Македонија и на војската на САД во Европа, кои учествуваат на заедничката воена вежба.

Од Министерството за одбрана соопштија дека вежбата има за цел да ги зајакне стандардните оперативни процедури на единиците, да ја подобри интер- операбилноста, да ги унапреди заемното разбирање и доверба, и да ја зајакне меѓусебната соработка.

 

 

 

31.07.2017 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега