Тетовски автобус удри во велосипедист - момчето со тешки повреди пренесено во болница

Дваесет и шест годишниот О.Ј. од Тетово е тешко повреден во сообраќајна несреќа која вчера попладне се случила на крстосницата со улиците „Видое Смилевски Бато“ и „Борис Кидриќ“ во Тетово.

Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале велосипедистот О.Ј. и автобус „Мерцедес“ кој го управувал Е.З.(47) од село Теново.

Повредениот со возило на итна медицинска помош е пренесен во тетовската болница каде му се констатирани тешки повреди и е задржан на понатамошно лекување. Полицијата на местото на сообраќајката извршила увид и презема мерки за нејзино целосно расчистување.

 

 

 

31.07.2017 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега