Трет тропски бран стигна во Македонија: Ќе биде посилен од другите и ќе ги собори сите температурни рекроди

 Претежно сончево и многу топло време со температура која на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени продолжува и во наредните денови. 

Во поголемиот дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35 степени, а УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде во жолта, а в петок и в сабота одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на предупредување од топлотни бранови.

Се препорачува внимателност во шумските региони поради постоење потенцијална опасност од шумски пожари.

В сабота спрема недела се очекува да има локална појава на краткотраен пороен дожд со грмежи. 

 

 

 

31.07.2017 - 13:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега