Аптеките мета на крадците - аптекарка од Скопје преживеала пеколна смена

На 30.07.2017 година околу 15:30 часот во аптека на бул. „Кочо Рацин“ во Скопје непознат маскиран сторител извршил разбојништво, при што одзел околу 6.000 денари од дневниот промет.

Сторителот влегол внатре и со закана со нож од вработената побарал пари. Во тој момент вработената се тргнала настрана, излегла низ споредната влезна врата и побарала помош. Во исто време сторителот од едната каса ги одзел парите и побегнал.

Екипа на СВР Скопје извршила увид на местото на настанот и по кратко време сторителот е пронајден и приведен во ПС Центар. Се работи за 26-годишниот И.С. од Скопје.

 

 

 

31.07.2017 - 14:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега