Влегле преку тераса и собрале огромна сума пари - Гостиварчанец останал без цела заштеда

На 30.07.2017 година во 10.15 часот во Полициката станица во Гостивар, 27-годишниот Б.Б од село Горна Бањица, гостиварско, пријавил дека ноќта помеѓу 29 и 30.07.2017 година непознати сторители извршиле тешка кражба во неговата куќа.

Сторителите се качиле на балконот од првиот кат, ја подигнале пластичната ролетна и преку отворената врата од балконот влегле во спалната соба, од каде одзеле златен накит во вредност од околу 240.000 денари. Откако го извршиле делото, сторителите побегнале во непознат правец.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица во Гостивар.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

31.07.2017 - 14:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега