Пожар во Македонија: Изгореа 4 крави - едно лице префрлено на Клинички

На 30.07.2017 година околу 01.30 часот во село Пршовце, општина Теарце, од засега непознати причини, настанал пожар во плевна сопственост на 33-годишниот Б.З.

Во пожарот изгореле четири молзни крави, две машини за мелење пченка, како и поголема количина пченка, пченица и сточна храна. Исто така, бил опожарен и трактор „Фергусон 539“, кој бил во непосредна близина на плевната. Пожарот е локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Тетово и локалното население. При гасењето на пожарот, од чадот дошло до гушење на еден од вработените од противпожарната единица. Тој со возило на Итна медицинска помош бил префрлен во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош. 

По овластување на Јавен обвинител, увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од СВР Тетово. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

31.07.2017 - 14:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега