ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да не ја стопира изградбата на детската градинка во општина Кавадарци

Согласно ребалансот на буџетот за 2017. година, скратени се финансиските средства за изградба на детски градинки. Една од тие градинки е во општина Кавадарци.

Мајките од Кавадарци апелираат да не се стопира изградбата на градинката која беше предвидена во оваа општина бидејќи, како што велат, таа е една од ретките општини која има зголемување на наталитетот и невработеност која се движи помалку од 10 осто.

– Тоа укажува на фактот колкава е потребата на Кавадарци да се изгради новата градинка, а тоа го согледа локалната самоуправа и ја воведе како еден од најосновните проекти кои треба да се изградат во оваа општина. Меѓутоа, со политиките на актуелната  гледаме дека во делот на Министерството за труд и социјална политика се кратат средства кои се наменети за изградба на градинки. Ние како жени и мајки апелираме изградбата на детската градинка во општина Кавадарци да не се стопира затоа што се при крај сите подготовки од страна на локалната самоуправа, во однос на урбанистичката планска документација и целосната документација за изградбата на градинка, истакна на денешната прес-конференција Горица Пеливанова-Вилхелм од Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ – Кавадарци.

 

 

 

31.07.2017 - 14:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега