Тетовчанец креирал профил на Фејсбук со податоци од починато лице, па им пишувал на пријателите и роднините

СВР Тетово поднесе Известување против 15-годишник од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци“.

На 05.07.2017 година, А.И. од Тетово пријавил дека непознато лице-корисник креирал профил на социјалната мрежа Фејсбук и користел лични податоци од неговиот татко, кој веќе бил починат и им пишувал на роднините и пријателите. Од страна на СВР Тетово, во содејство со Телеком АД Скопје, утврден бил уредот и IP адресата на пријавениот.

При извршениот претрес во неговиот дом одземени се предмети кои се поврзани со кривичното дело .

 

 

 

31.07.2017 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега